ОК ВардарБорец совладан без мака

декември 5, 20200

Одбојкарите на Вардар забележаа уште една победа во рамките од домашното првенство, рутински славејќи на домашниот дуел против Борец максимални 3-0 во сетови. „Црвено-црните“ одиграа квалитетен меч во кој целосно го контролираа резултатот, не дозволувајќи им на гостите да се понадеваат ниту на сет, камоли на поголемо изненадување на оваа средба.

Првиот сет беше добиен рутински со 25-19, а одбојкарите на Борец освоија 19 поени и во рамките од вториот сет. Триумфот беше осигуран, но „црвено-црните“ се погрижија да не дојде до пад во концентрацијата до последниот поен, славејќи во третиот сет со 25-18.

Ова беше седма овосезонска победа за нашиот машки тим, со што Вардар се наоѓа на третото место на прволигашката табела.

Leave a Reply