Одбојкарите на Вардар од утре почнуваат со учество на силниот турнир што ќе се одржи во Ниш. „Црвено-црните“ по првиот дел од подготовките што беа одработени во Скопје, патуваат за Србија каде ќе одиграат неколку силни контролни натпревари, на турнирот на кој ќе учествуваат екипите на Војводина, Рибница од Краљево и Ниш.
Согласно здравствените протоколи, одбојкарите на нашиот клуб беа тестирани на Covid-19 пред патувањето за Србија, по што по добиените резултати можеме да потврдиме дека сите тестови се негативни.
Вардар е во исчекување на противникот во првата рунда од Челинџ-купот на ЦЕВ, на ждрепката што ќе биде извршена утре со почеток во 16.00 часот.