Вардар експресно се врати на победнички патеки во македонскиот шампионат откако триумфираше на пресметката со Шкендија со 3-1 во сетови. Нашите одбојкари уште од самиот почеток влегоа во посакуваниот ритам, добивајќи го првиот сет со 25-17.
Тетовци изненадија во вториот сет што Шкендија го доби со 23-25, за потоа остатокот од мечот да мине во целосна доминација на Вардар. Скопските „црвено-црни“ најпрвин славеа во третиот сет со 25-19, за во четвртиот да го декласираат противникот со 25-12, за нов прволигашки триумф.