Одбојкарите на Вардар вечерва го играат првиот од двата дуели со Каник во рамките од првото коло во Челинџ-купот на ЦЕВ. Македонскиот клуб од вчера се наоѓа во Словенија, каде денеска и утре ќе ги игра дуелот со домашниот состав. Фаворитската улога им припаѓа на одбојкарите на Камник, но „вардарци“ се надеваат на добро издание на двете средби.
„Очекуваме денеска добар натпревар, секогаш е добро да се биде дел од овие европски натпреварувања. Тоа ќе ни биде од огромна корист за екипата за натамошниот дел од првенството. Екипата на Камник е квалитетна, моментно е второпласирана во првенството на Словенија, но ние не сме дојдени тука за да се предадеме така лесно. Ќе дадеме максимум, мотивирани сме да се да дадеме се од себе и да стигнеме до што подобар резултат. И покрај сите напори што ги имавме по одложувањето на овој двомеч, со радост ги дочекуваме овие дуели и очекувам во добро издание да се прикажеме на денешниот и на утрешниот натпревар“, истакна капитенот Јовица Симовски.
Инаку, Симовски денеска го прослави својот 38. роденден, што беше одбележан во клупскиот хотел со роденденска торта за нашиот најдобар одбојкар.
Денешниот натпревар меѓу Камник и Вардар се игра со почеток во 20 часот.