ОК ВардарВардар прифати нов термин за натпреварите со Камник

ноември 2, 20200

Двомечот од првото коло од Челинџ-купот на ЦЕВ меѓу Калцит Камник од Словенија и Вардар ќе биде одигран на 17 и на 19 ноември, откако управата на „црвено-црните“ ги прифати новите ривали предложени од ривалот.

Иако постоеше опција за пласман во следната рунда да биде обезбеден на „зелена маса“, нашиот клуб сака битките да ги води на терен, па без многу двоумење прифативме да се сретнеме со Калцит Камник две седмици подоцна од првичниот термин.

Словенечкиот клуб поради коронавирус меѓу одбојкарите и стручниот штаб беше принуден да ги одложи натпреварите, до ЦЕВ испрати нови термини за истите, што беа прифатени од нашиот клуб. Од претходно, двата клуба постигнаа договор двете средби да бидат одиграни во Словенија.

Leave a Reply