ОК ВардарИлиев кариерата ја продолжува во Осијек

јануари 8, 20210

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Стојан Илиев ги напушта редовите на Вардар и заминува во интернационален предизвик, селејќи се во редовите на хрватскиот прволигаш МОК Мурса.

Илиев беше еден од најдобрите одбојкари во црвено-црниот дрес во првиот дел од сезонава, неговите одлични игри беа препорака за да добие интересни понуди од неколку клубови, од кои тоа на крајот за најдобра ја избра онаа од хрватскиот клуб.

Стојан Илиев секогаш го даваше максимумот во црвено-црниот дрес, што беше причина без размислување да излеземе во пресрет на овој одбојкар во моментите кога посака да направи чекор напред во кариерата со трансфер во странство. Му посакуваме многу среќа, со надеж дека во иднина повторно ќе го облече дресот на Вардар.

Leave a Reply