ОК ВардарИ ГОК Борец на списокот на ОК ВАРДАР – Во Скопје убедлива победа над велешани со 3-0!

април 3, 20220

Одбојкарите на Вардар дојдоа до посакуваната победа и во 8.коло од плејофот во МАК Одбојката.

ОК Вардар со максимален резултат од 3-0 во сетови успеа на домашен терен да го совлада тимот од Велес, ГОК Борец.

Првите два сета црвено-црните ги добија со по 25-20, а во третиот сет беа малку поубедливи и го добија со 25-18.

Со оглед на резултатите на другите средби од ова 8.коло, ОК Вардар во полуфиналето на плејофот во македонската прва државна лига ќе се сретне со Шкендија од Тетово, додека лидерот Струмица која не знае за пораз сезонава ќе игра со Универзитет во Тетово.

Со оваа победа ОК Вардар со скор од (12-6) се зацврсти на третото место на табелата во првата одбојкарска лига на Македонија, веднаш двоецот Шкендија која е втота со (13-5) и лидерот Струмица кои имаат максимален ефект од (18-0).

Во следното 9.коло кое е на програмата во понеделник, ОК Вардар повторно игра на домашен терен каде го пречекува тимот на Лирија од Тетово.

Веќе претстојниот викенд, од петок до недела не очекува завршницата на одбојкарскиот куп на Македонија во Кавадарци, каде нашиот состав во полуфиналето ќе ги одмери силите со тимот на Универзитет во Тетово.

Натпреварот се игра на 8 Април во петок.

ТАБЕЛА:

Струмица (18-0),
Шкендија (13-5),
Вардар (12-6)
Универзитет во Тетово (10-8),
ГОК Борец (7-11),
Лирија (7-11)

Leave a Reply