Во салата „Јасмин“ во Кавадарци, од 8-ми до10-ти април, најдобрите осум екипи во шампионатот сезонава, по четири во двете конкуренции,ќе се надмудруваат за престижниот пехар.
По тој повод денеска се одржа и ждрепка за полуфиналните натпревари, а истата сакаше најдобрите две екипи во Првата машка лига да се сретнат еден против друг во полуфиналето на завршниот турнир од одбојкарскиот куп на Македонија.
Првиот натпреварувачки ден ќе биде предвиден за полуфиналињата кај одбојкарите. Третопласираниот во лигата, Вардар, ќе игра против ланскиот финалист Универзитет во Тетово, а Шкендија, која го крена пехарот во 2011-та, а годинава е втора во првенството, ќе се сретне со бранителот на двојната круна Струмица 47&72.
Најуспешниот тим кај нас во последната деценија се надева на осмиот куп-трофеј во претходните десет изданија од ова натпреварување.
На трениот ден од настанот во Кавадарци, в недела на 10-ти април, се предвидени финалните натпревари. Сите натпревари ќе бидат емитувани на програмата на МРТ.
Македонски одбојкарски куп (мажи), полуфинале (петок, 8.април)
16.00 Вардар – Универзитет во Тетово
19.00 Шкендија– Струмица 47&72