ОК ВардарНово име во редовите на ОК Вардар – Со хрватскиот интернационалец во битка за тронот!

ноември 7, 20210

Одбојкарскиот тим на Вардар ги освежи своите редови уште едно квалитетно засилување од странство. Станува збор за хрватскиот интернационалец Иван Џирлич, кој игра на позицијата примач.

20-годишниот одбојкар кој е на поширокиот список на хрватската репрезентација доаѓа од тимот на ОК Младост Загреб со кого минатата сезона го освои тамошниот Куп во сениорска конкуренција.

Џирлич е голема одбојкарска надеж во Хрватска, во помладите категории има бројни медали, па ќе биде вистински засилување за „црвено-црните“, кои и оваа сезона имаат исти амбиции – да го освојат тронот.

Leave a Reply