И по ова 11 коло, продолжија одличните игри на одбојкарите на Вардар кои стигнаа и до петтата победа по ред во домашното првенство.
Овојпат на домашен терен славеа исто така убедлива победа, против тимот на ОК Дибра Волеј со 3-0 во сетови.
Избраниците на тренерот Марјан Трајковски немаа поголеми проблеми и во овој дуел против дебарчани и во три сета успееја да стигнат до нови три бода во првенството. Вардарци во ниту еден момент не дозволија да им се приближат противниците во сите три сета и на убедлив начин ја запишаа петтата победа во низа и да се вмешат во екипите кои ќе играат во плејофот.
Црвено-црните, победија со убедливи 3-0 по сетови 25:12, 25:14, 25:11 и со веќе 15 бода се во горниот дел на табелата.
Во следното 12.коло ОК Вардар игра нагости во Пробиштип кај екипата на ОК Весна Пробиштиш.