ОК ВардарОК ВАРДАР е жив! По голема борба совладана Шкендија и освоени многу важни бодови

ноември 10, 20210

Одбојкарите на Вардар дури во 5.коло од првата одбојкарска лига на Македонија се радуваа на првата победа во новата натпреварувачка сезона.

Попладнево ОК Вардар во крајно возбудлив и изедначен натпревар ја победија Шкендија со 3-1 по сетови (25:17, 22:25, 25:20, 25:23) и останаа во игра и борбата за влез во плејофот. 

Црвено-црните го добија овој дерби дуел и им го нанесоа вториот пораз на тетовскиот тим, а благодарение на новите засилувања во составот на Вардар овој тим веќе има респектабилен ростер за големи дострели.

Филип Блажовски, хрватот Гирлиќ и репрезентативецот на Иран, Акбари, беа едни од најзаслужните за оваа првата сезонска победа на ОК Вардар, а одлична партија прикажаа сите одбојкари на домашниот тим.

Поддршка за нашиот тим од трибините даде и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.

На останатите средби од ова 6.коло до победи стигнаа домашните екипи, Струмица, Универзитет во Тетово, Лирија и Штип УДГ.

Во следното 7.коло кое е на програмата престојниот викенд, ОК Вардар игра нагости кај Јанта Волеј во населбата Кисела Вода.

 

Leave a Reply