Одбојкарите на Вардар продолжија со добри игри во домашното првенство, бележејќи уште една убедлива победа, овојпат на гостувањето против Јанта Волеј со 0-3 во сетови.
Избраниците на тренерот Марјан Трајковски немаа проблеми да ја претворат фаворитската улога во убедлив триумф, доминираа на теренот и не дозволија ниту еден од трите сета да биде доверен во прашање.
Црвено-црните, кои засилени, успеаја да ја прокнижат и втората победа, славејќи против домашниот тим од Кисела Вода со убедливи 14:25, 19:15, 17:25 и со 6 бода се приближија кон горниот дел на табелата и се поблиску до пласман до местата кои водат во плејофот.
ОК Вардар од самиот старт наметнаа силно темпо што домашните одбојкари не можеа да го следат, па рутински го добија првиот сет со 14-25.
Доминацијата продолжи и во вториот и во третиот сет, што Вардар ги доби за максимална победа на овој натпревар.
Во следното 8.коло ОК Вардар го чека вистински предизвик. На домашен терен го пречекува тимот на ГОК Борец кој се наоѓа на второто место на табелата во првата машка лига.