Сите одбојкари и членови на стручниот штаб на Одбојкарскиот Клуб Вардар се негативни на Covid-19, по извршеното тестирање во нашиот клуб во пресрет на почетокот од новата сезона.
„Црвено-црните“ одработеа квалитетни подготовки, одиграа неколку пријателски натпревари и максимално подготвени влегуваат во новиот шампионат, во кој Вардар атакува на првото место и шампионскиот трофеј.
Новата сезона од македонскиот одбојкарски шампионат стартува викендов, а Вардар во првото коло му гостува на тимот на Штип.