ОК ВардарВардар останува непоразен, го доби и второто дерби со Џио Струмица

February 24, 20200

Вардар ја продолжува беспрекорната серија во домашниот одбојкарски шампионат откако и вторпат сезонава го победи големиот ривал и актуелен шампион, Џио Струмица. Во вториот сезонски дуел, на домашен терен, Вардар не беше успешен како во првата средба која ја доби со 3-0 и славеше во максимални пет сета (25-14,20-25,25-21,20-25,15-6). Ова за Вардар се првите загубени сетови сезонава. За бранителот на титулата, Џио, ова е втор сезонски пораз.

Предводен од Јовица Симовски, Вардар беше доминантен во решавачкиот петти сет и го доби со 15-6. Претхондо, воведниот сет им припадна на „црвено-црните“ со 25-14, струмичкиот состав израмни добиајќи го вториот сет со 20-25. Вардар беше подобар во третиот сет со 25-21, а четвртиот се го доби Џио со 20-25 и се избори за тај-брејкот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.