ОК ВардарКонечна одлука: Прекин за одбојкарската сезона, шампиони нема

June 8, 20200

Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе конечна одлука за прекин на домашните првенства без прогласување шампиони. Ако има евентуално заинтересирани клубови за настап во европските натпреварувањае, местата ќе се одредуваат според пласманиот на табелата во моментот на прекинот. Испаѓање нема да има.

Претходно федерацијата постигна согласност во преговорите со клубовите дека во овој момент во дрѓавава нема услови за играње одбојка особено што отворањето на салите и натаму е неизвесно.

„Поаѓајќи од највисокиот интерес за одбојкатa, прифаќајќи ја објективната состојба на населението на Република Севрна Македонија во однос на заболувањето предизвикано од вирусот СОВИД-19, прогласена епидемија и вонредната состојба на цела територија на државата, водени од интересот за здравје и живот, како највисоки и доминантни цели над сите други, а имајќи ја предвид потребата од правна сигурност, Согласно член 26, член 29 од Статутот на ОФМ, член 13, член 14, член 15 и член 70 од Правилникот за натпреварување на ОФМ, како и член 6 и член 20 од Пропозиции за натпреварување на ОФМ, имајќи го во предвид и ставот на прволигашките екипи во машка и женска конкуренција од електронската седница одржана на 02.06.2020 година, Извршниот одбор на ОФМ и Комесарот за натпреварување на ОФМ, на електронската седница одржана на ден 07.06.2020 година, ја донесоа следната

О Д Л У К А

Се прекинува првенство за натпреварувачка сезона 2019/2020 година, во сите категории (мажи и жени), без прогласување на победници. За клубовите коишто имаат намера да се натпреваруваат во европските купови за натпреварувачка сезона 2020/2021 година, ќе важи пласманот на екипите на денот на прекинување на првествата. Доколку за следната натпреварувачка сезона 2020/2021, има клубови коишто имаат намера и желба да учствуваат и да се натпреваруаат во највисок натпреварувачки ранг, Извршниот одбор на ОФМ, по поднесување напријавите, ќе цени и ќе одлучува дали тие ги исполнуваат предвидените услови. Горенаведените одлуки се донесени по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од коронавирусот, како и по препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, коишто опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници, а особено имајќи ја во предвид моменталната состојба со епидемијата (бројот на зболените) во нашата држава и продолжување на вонредната состојба. Оваа одлука влегува во сила на денот на објавување на огласна табла и на веб-страницата на ОФМ“ – стои во информацијата на ОФМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.