ОК ВардарЈовица Симовски: Промени во ОФМ мора да има

July 11, 20200

Цели 30 години никој не знае што се работи во Одбојкарската федерација. Затоа решив да се кандидирам. За да ги промениме работите. Ова е дел од обраќањето на кандидатот за претседател на ОМФ, Јовица Симовски на денешното изборно собрание.

„Мојата идеја е да се отвори федерацијата. 30 години се истите луѓе во федерацијата. Прво нешто што ќе биде направено ќе биде ревизија на досегашното работење. Ќе се почне со нов начин на работа. Без тим не може да се работи. Не може без тим. не може еден човек се за знае, организација, патувања, бич-волеј и финансии. Ваков извештај како овој што го презентиравте финансискиот, нема врска. Нема никави информации во него ниту пак детали за тоа како се трошеле парите. Моја идеја и план е Тетово и Струмица да бидат центри на одбојката. Сакаме да смениме генерација, но немаме никаков план за тоа. Буџетот треба да биде сразмерно поделен, да има субвенционирање на клубовите. И натаму не ми е јасно како може ниту еден одбојкар да нема квалитет да работи во федерацијата. Јас не сум најпаметен и сакам помош, сакам да имаме различно мислење од моето. Затоа треба да се има добар тим. кај нас во федерацијата ако неко јима различно мислење бил директно депортиран надвор. Последен случај е Жарко Ристоски. Срамен е овој извештај за работа. Повеќе ќе напишам за тоа што сум сработил вчера, а не за пет години“ – рече асот на Вардар на денешното Собрание на ОФМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.