ОК ВардарКамник од Словенија е нашиот ривал во Челинџ-купот

август 21, 20200

Словенечкиот прволигаш Камник е наш ривал на стартот од новата европска авантура, беше одлучено со денешната ждрепка што се одржа во Луксембург. Вардар втора година по ред ќе се натпреварува во Челинџ-купот на ЦЕВ, а желба на сите во клубот е сезонава да биде мината најмалку една пречка во текот на европската авантура.

Камник е ривал по мерка, станува збор за екипа што во сезоната 2018/2019 била вицешампион на Словенија, а во клупската историја има три титули шампион на својата земја (2001, 2002 и 2003).

Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 15/16 октомври, а реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *