ЖОК ВардарКубанката Агилера пристигна во Скопје

September 6, 20200

Големото засилување на нашиот женски клуб, Атила Агуеро Агилера, веќе е во Скопје и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб за подготовките за новата натпревраувачка сезона. Оваа 21-годишна одбојкарка е актуелна репрезентативка на Куба и без сомнеж ќе претставува големо засилување за „црвено-црните“ во битката за шампионската титула, но и за што подобро претставување во настапот во европските купови.

Агилера пристигнува во Вардар од кубанскиот тим Камагуеј, а добрите игри и обезбедија и место во националниот тим на својата татковина. „Црвено-црните“ се нејзин прв меѓународен предизвик, но нема сомнеж дека пред оваа одбојкарка е блескава кариера.

Вардар е првиот женски тим што по долги години пауза се пријави за настап во европските купови, а прв ривал на „црвено-црните“ во Челинџ-купот на ЦЕВ ќе биде Хаменлина од Финска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.