ЖОК Вардар„Вардарки“ почнаа со подготовки – желбата е атак на двојна круна (ФОТО)

September 12, 20200

Одбојкарките на Вардар ги стартуваа подготовките за новата сезона, во која „црвено-црните“ имаат јасна цел пред себе – доминација на домашната одбојкарска сцена. Клучните одбојкарки од ланскиот состав остануваат дел од нашиот тим, а ЖОК Вардар дополнително се засили до Кубанката Атила Агуеро Агилера, која веќе пристигна во Скопје и тренира со остатокот од екипата.

„Црвено-црните“ во текот на месецот дополнително ќе се засилат со одбојкарки од странство, се со цел достојно претставување во европските купови, каде за ривал во Челинџ-купот на ЦЕВ ќе го имаме финскиот состав Хаменлина. Македонија по подолго време ќе има свој претставник во европските купови во женска конкуренција, а желба на сите во ЖОК Вардар е достојно да го претставиме нашиот спорт и да се обидеме да ја минеме првата рунда.

Како дел од подготовките „вардарки“ ќе заминат на турнир во Албанија, а за крајот на септември е најавен и турнир во Скопје на кои Вардар ќе биде домаќин, а ќе учествуваат екипи од Македонија и од Албанија.

Новата сезона од одбојкарскиот шампионат на Македонија ќе стартува на 3 октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.