ЖОК ВардарПобеда над Хуки Волеј во Албанија

September 22, 20200

Одбојкарките на ЖОК Вардар успешно ја стартуваа мини-турнејата низ Албанија откако рутински славеа на вечерашниот натпревар против Хули Волеј со 1-3 во сетови.

Почетниот сет донесе мали проблеми за нашите одбојкарки, кои не го стартуваа мечот во посакуваниот ритам, па домаќинот на натпреварот славеше со 22-25. Експресно следеше консолидација и израмнување со иста мера, за победа во вториот сет со идентични 25-22, по што „црвено-црните“ уште повеќе добија на самодоверба во остатокот од мечот. Третиот сет заврши со триумф на Вардар од 25-20, за во четвртиот целосно да биде декласиран противникот, со убедливи 25-14.

„Црвено-црните“ утре ги очекува уште една контрола против ривал од Албанија, во 16 часот ќе ги одмерат силите со Партизани од Тирана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.