ЖОК ВардарПораз од шампионките на Албанија

September 23, 20200

Одбојкарките на Вардар претрпеа пораз на денешниот дуел со Партизани Тирана, губејќи со 3-0 од актуелните шампионки на Албанија. „Црвено-црните“ одиграа солиден натпревар, добро се држеа во трите сета, но падот на концентрацијата во клучните моменти пресуди за овој пријателски меч во Тирана да заврши со максимален триумф на домаќинките.

Првиот сет заврши со 25-20 за Партизани, во вториот домаќинките славеа со 25-23, додека во третиот освоивме 24 поени, што сепак се покажа недоволно за победа во сетот (26-24).

„Вардарки“ ја завршија мини-турнејата низ Албанија со една победа и еден пораз, откако вчера славеа со 3-1 на дуелот против Хуки Волеј. Нашиот клуб планира да организира турнир во Скопје во завршната фаза од подготовките за новата сезона, деталите ќе бидат дополнително објавени,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.