ОК ВардарСупериорен старт на сезоната, Штип освоен со 0-3

October 10, 20200

Одбојкарите на Вардар убедливо ја стартуваа новата сезона, триумфирајќи со 0-3 на гостувањето против Штип во рамките од стартното коло од Првата лига.  „Црвено-црните“ влегоа во мечот како големи фаворити, целосно оправдувајќи ја оваа улога, со одлична игра во текот на трите сета стигнувајќи до првите бодови.

Вардар доминираше од самиот почеток, триумфирајќи во првиот сет со 25-13, дел од мечот во кој одлична игра прикажа младиот Оливер Куновски. Домаќините немаа шанса за поволен резултат ниту во вториот сет, кога благодарение на стандардно одличните Симовски и Илиев „црвено-црните“ славеа со 25-19.

Максималната победа беше запечатена со добро издание и во третиот сет, во кој нашите одбојкари триумфираа со 25-20, за успешен старт на новата натпреварувачка сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.