ОК ВардарКамник со позитивни случаи, се откажува мечот со Вардар

октомври 30, 20200

Предвиденото патување за Словенија и настап на двомечот од ЦЕВ-Купот против екипата на Калцит Камник се откажува поради позитивни случаи на Covid-19 во таборот на нашиот противник.

Двата клуба претходно постигнаа договор средбите да бидат одиграни на теренот на Камник, но словенечкиот претставник денеска испрати допис според кој не може да го организира двомечот поради позитивни случаи во играчкиот кадар и во стручниот штаб.

Камник во дописот остава можност дуелите да бидат презакажани за нов датум, а натпреварувачката комисија при ЦЕВ ќе мора во најскоро време да донесе конечна одлука, дали да одреди нови датуми или Вардар без борба да се пласира во следната рунда од европското натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *