ОК Вардар„Вардарци“ триумфално низ Дебар

November 4, 20200

Одбојкарите на Вардар прокнижија нови бодови во Првата лига откако лесно и убедливо славеа на гостувањето против Дебар со максимални 0-3 во сетови. „Црвено-црните“ не дозволија опуштање во своите редови, па со максимално сериозен пристап стигнаа до заслужена убедлива победа.

Доминацијата почна уште во првиот сет, во кој Вардар наметна силно темпо од самиот почеток и триумфираше со 15-25. Особено импресивно нашиот тим делуваше во вториот сет, во кој на домашните одбојкари им беа препуштени само четири поени (4-25). Третиот сет мина во нешто поизрамнета борба, во која „вардарци“ рутински триумфираа со 19-25.

Возбудувањата во Првата лига продолжуваат веќе в сабота, кога Вардар со почеток во 12 часот ќе го пречека тимот на Лирија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.