ЖОК ВардарЛесна и убедлива победа над Фит Фан Волеј

November 4, 20200

Одбојкарките на Вардар забележаа уште една рутинска победа во домашното првенство, триумфирајќи со 0-3 во сетови на гостувањето против Фит Фан Волеј, меч што се одигра во малата сала од СЦ „Борис Трајковски“. Слично како и на претходниот дуел со Јанта Волеј, нашите одбојкарки не дозволија победата во ниту еден момент да биде доведена во прашање, го контролираа целосно резултатот и на крајот заслужено стигнаа до максимална победа.

Првиот сет заврши со резултат 9-25, а Фан Волеј стигна до двоцифрен број на поени во вториот сет, што нашиот тим го доби со 12-25. Во третиот сет „вардарки“ беа најубедливи, триумфирајќи со 6-25, за продолжение на перфектниот старт на сезоната.

Нашиот тим ќе се соочи со нов предизвик в сабота, кога на домашен терен ќе го пречека составот на Тетовски Универзитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.