ОК ВардарВардар супериорен против Лирија

November 7, 20200

Одбојкарите на Вардар прокнижија нови бодови на прволигашката табела откако денеска рутински славеа на дуелот против Лирија со резултат 3-0 во сетови. Фаворитската улога беше оправдана без мака, „црвено-црните“ доминираа од почеток до крај, не оставајќи им на гостите ниту ронка надеж за освојување на барем еден сет на оваа средба.

Почетокот мина во целосна контрола на „вардарци“, кои го добија стартниот сет со 25-14, а уште поимпресивно беше одигран вториот сет, во кој Вардар триумфираше со 25-10. Отпорот на гостите беше целосно скршен, триумфот беше осигуран, па  во третиот сет на Лирија и беше дозволено да стигне до 21 освоен поен.

Вардар по пет одиграни натпревари има четири победи и еден пораз во новата натпреварувачка сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.