ОК ВардарЛесен и убедлив триумф во Пробиштип

November 12, 20200

Одбојкарите на Вардар продолжија со добри игри во домашното првенство, бележејќи уште една убедлива победа, овојпат на гостувањето против Пробиштип со 0-3 во сетови. Избраниците на тренерот Трајковски немаа проблеми да ја претворат фаворитската улога во убедлив триумф, доминираа на теренот и не дозволија ниту еден од трите сета да биде доверен во прашање.

„Црвено-црните“ од самиот старт наметнаа темпо што домашните одбојкари не можеа да го следат, па рутински го добија првиот сет со 14-25. Доминацијата продолжи и во вториот и во третиот сет, што Вардар ги доби со идентични 15-25 за максимална победа на овој натпревар.

Победата во Пробиштип беше успешна најава пред претстојниот предизвик во европските купови. „Вардарци“ в недела патуваат за Словенија, каде на 15 и на 17 ноември ќе ги играат двете средби од Челинџ-купот против екипата на Калцит Камник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.