ОК Вардар„Вардарци“ засилени на пат за Словенија

November 14, 20200

Сите одбојкари и членови на стручниот штаб на Вардар се негативни на Covid-19, откако нашиот клуб ги доби резултатите од денешното тестирање кое беше организано во пресрет на европскиот настап против Калцит Камник.

Нашата експедиција утревечер тргнува на пат за Словенија, каде ќе го игра двомечот против прволигашот од оваа земја, во првото коло од Челинџ-купот на ЦЕВ. Натпреварите меѓи Камник и Вардар ќе се играат во вторник и среда, со почеток во 20 часот.

„Црвено-црните“ ќе бидат дополнително засилени за овој двомеч, откако беше постигнат договор со тимот да патува и Александар Милков, како и младата надеж на македонската одбојка, 17-годишниот Стојче Арсов од Пробиштип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.