ОК ВардарВардар немаше сили за изненадување во Словенија

ноември 17, 20200

Одбојкарите на Вардар направија се што беше во нивна моќ, но не можеа да приредат изненадување на дуелот против Камник, прв натпревар од двомечот што овие две екипи ги играат во рамките од Челинџ-купот на ЦЕВ. Словенечкиот состав прикажа супериорен настап, не дозволувајќи им на „црвено-црните“ ниту да се понадеваат на освојување на барем еден сет.

Доминацијата на поискусниот словенечки тим почна уште од самиот почеток, што резултираше со нивно добивање на првиот сет со убедливи 25-12. Вардар одигра нешто подобро во вториот сет, освојувајќи 15 поени, потоа и 17 во рамките од третиот сет, што сепак беше премалку за да се избегне убедлив пораз. Без оглед на конечниот резултат, самиот настап во европските натпреварувања е огромно искуство што ќе биде драгоцено за нашите млади одбојкари во иднина.

Камник и Вардар утре ќе го одиграат и вториот дуел од овој двомеч, исто така со почеток во 20 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *