ОК Вардар„Вардарци“ со втор пораз во Словенија

November 18, 20200

Одбојкарите на Вардар претрпеа пораз и на вториот натпревар од двомечот против Калцит Камник со максимални 3-0 во сетови, завршувајќи го настапот во Челинџ-купот на ЦЕВ.

„Црвено-црните“ одиграа солиден натпревар, но разликата во квалитет беше на страна на словенечкиот состав, кој и денеска знаеше како да ја оправда фаворитската улога на теренот.Првиот сет заврши со резултат 25-16, во вториот и во третиот сет Вардар освои по 17 поени, за солиден впечаток на гостувањето потив големиот фаворит.

Стојан Илиев со 11 поени беше најефикасен во таборот на Вардар, а Шулајковски освои седум поени на денешниот натпревар.

Нашиот тим по елиминацијата од европските купови погледите целосно ги насочува кон домашното пренство, каде сме подготвени за атак на трофеите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.