ЖОК Вардар„Вардарки“ со лекција за тетовските „студентки“

December 5, 20200

ЖОК Вардар ја продолжи својата доминација на женската одбојкарска сцена, стигнувајќи до нов максимален триумф во Првата лига. „Црвено-црните“ за противник денескаа го имаа „Универзитет Тетово“, одржувајќи им час по одбојка на гостинките за нова победа од 3-0 на домашната одбојкарска сцена.

Доминацијата беше најавена од првиот поен, Вардар одигра импресивно и го доби стартниот сет со 25-7. Нашите одбојкарки потоа продолжија со доминантен настап до крајот на натпревар, славејќи со 25-12 во вториот и со 25-11 во третиот сет.

Овој триумф е добра увертира за настапот во Челинџ-купот на ЦЕВ. Вардар без борба го мина првото коло поради откажување на финскиот претставник, а ЦЕВ сега реши да организира „балон“ во Капошвар, Унгарија, каде „црвено-црните“ на 9 декември ќе се сретнат во еден меч со Нитра од Словачка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.