ОК ВардарСимовски фантастичен во победата над Тетовски Универзитет

December 9, 20200

Вардар забележа нова прволигашка победа откако вечерва го освои Тетово, триумфирајќи на гостувањето против Тетовски Универзитет со 1-3 во сетови. Во главна улога беше капитенот на „црвено-црните“, Јовица Симовски, кој одигра фантастичен натпревар освојувајќи вкупно 38 поени.

Вардар беше подобар тим во првиот сет добивајќи го со 20-25, по што тетовци славеа само во вториот дел од мечот, со 25-21. Остатокот од мечот повторно мина во знакот на „црвено-црните“, кои најпрвин го добија третиот сет со 21-25, а потоа ставија печат на триумфот со конечни 19-25 во четвртиот сет.

Феноменалниот Симовски имаше поддршка од сите соиграчи, Вардар одигра беспрекорно и на крајот заслужено се радуваше на победата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.