ОК ВардарШтип лесно освоен, Вардар е на чекор до куп-полуфинале

February 13, 20210

Одбојкарите на Вардар се на чекор до пласман во полуфиналето од Купот на Македонија откако вечерва лесно славеа на првиот четвртфинален натпревар против УГД Штип со 0-3 во сетови.

„Црвено-црните“ доминантно влегоа во мечот и го добија првиот сет со 19-25, а во вториот сет „вардарци“ одиграа уште подобро, триумфирајќи со убедливи 13-25. Штипјани најголем отпор дадоа во третиот дел од мечот, но Вардар успеа да го добие и тој сет со минимални 24-26, експресно завршувајќи ја работата на овој натпревар.

Реванш-натпреварот е закажан за среда, а во договор на двата клуба и тој натпревар ќе биде одигран во Штип. Претходно, веќе в понеделник нашиот тим го очекува дерби-дуелот од Првата лига против шампионот Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.