ОК ВардарПораз од Струмица во полуфиналето од Купот на Македонија

March 26, 20210

Одбојкарите на Вардар не успеаја да се пласираат во големото финале од Купот на Македонија откако во полуфиналето од завршниот турнир во Струмица претрпеа пораз од екипата на Џио Струмица со 0-3 во сетови. Коронавирусот создаде големи проблеми во пресрет на овој турнир, тимот отпатува без првиот тренер Трајковски и без неколку одбојкари, што се одрази и врз изданието на „црвено-црните“ во ова полуфинале.

Желбата за подвиг сепак беше недоволна, па струмичани стигнаа до максимална победа во оваа полуфинална пресметка. Домашниот тим го доби првиот сет со 25-14, во вториот сет Вардар освои 17, а во третиот 16 поени.

Во големото финале Струмица Џио ќе се сретне со Универзитет Тетово, кој славеше во пресметката со Шкендија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.