ОК ВардарВо Скопје убедливо падна и ГОК Борец – ОК Вардар во победничка серија од три по ред!

ноември 24, 20210

Одбојкарите на Вардар продолжија со добри игри во домашното првенство, бележејќи уште една убедлива победа, овојпат на домашен терен против ГОК Борец со 3-0 во сетови.

Избраниците на тренерот Марјан Трајковски немаа проблеми да ја претворат во дербито и стигнаа  до убедлив триумф, доминираа на теренот и не дозволија ниту еден од трите сета да биде доведен во прашање.

Црвено-црните, успеаја да ја прокнижат и третата победа, славејќи против ГОК Борец со убедливи 3-0 по сетови 25:20, 25:21, 25:20 и со 9 бода се приближи кон горниот дел на табелата и се поблиску до пласман до местата кои водат во плејофот.

ОК Вардар од самиот старт наметнаа силно темпо што домашните одбојкари не можеа да го следат, па рутински го добија првиот сет со 25-20. Доминацијата продолжи и во вториот и во третиот сет, што Вардар ги доби за максимална победа на овој натпревар.

Во следното 9.коло ОК Вардар повторно игра на домашен терен против последно пласираната екипа на Македонија Џио.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

О.К ВАРДАР

novo-logo-vardar-01-1-1280x1810 copy-foother

Упорност. Среќа. Триумф. Пораз. Гледаме дека сето тоа останува на теренот, бидејќи одбојкарската сезона е официјално врз нас.