HomeИзвештај од натпреварот

In the regular season, Oxygen Tigers team placed 2nd at Regional League in the fall and took home a team win.
ЧЕТВРТОК, АПРИЛ 21, ПРВА ЛИГА МАЖИ - 1/2 ФИНАЛЕ ПЛЕЈОФ
ОК ВАРДАР
01234567890
ОК ВАРДАР
01234567890
ОК ШКЕНДИЈА
ОК ШКЕНДИЈА

ДЕТАЛИ ОД НАТПРЕВАРОТ

Црвено-црните ја завршија сезоната со пораз и во реваншот од Шкендија во Скопје во 1/2 финалето со 3-1 во сетови

ДОМАЌИН: ОК ВАРДАР (21.04.2022)

И во реваншот во Скопје одбојкарите на Шкендија во контроверзен натпревар со многу лоша арбитража го совладаа ОК Вардар со 3-1 и со 2-0 во полуфиналето од одбојкарскиот плејоф изборија место во финалето каде ќе се сретнат со Струмица 47&72.

Со многу забелешки кон главниот судија на мечот во финишот на натпреварот ОК Вардар не сакаше да го продолжи мечот и беа спремни да се повлечат по неколкуте катастрофални одлуки во четвртиот сет.

Сепак нашите одбојкари не го направија тоа и го завршија достоинствено натпреварот и спречија поголем инцидент, а со тоа и заврши сезоната за црвено-црните во полуфиналето на плејофот откако со 2-0 беа поразени од Шкендија.

По тетовските 3:2, откако ОК Вардар испушти предност од 2-0, во Петровец Шкендија се радуваше со 3-1 во сетови (25:15, 25:17, 21:25, 25:16) и обезбеди настап во серијата за тронот којашто ќе трае најмалку три, а најмногу пет натпревари.

Мора да се напомене дека нашите одбојкари беа видно ослабени поради повредата на Филип Блажовски, па најпрво Димковски, а потоа и Ракша се обидоа да ја одиграат неговата улога, но приемот не беше на ниво, па вардарци не можеа да му парираат на ривалот, да израмнат на 1-1 во низата и да се изборат за мајсторка.

Финалето кај мажите ќе почне утре на теренот на Струмица 47&72, со пренос на МРТ-3 од 21 часот, а резултатите во тековната сезона, како и реномето на екипите, посочуваат дека бранителот на тронот и освојувач на годинашниот куп трофеј би требало да ја заврши работата со 3-0. 

1/2 ФИНАЛЕ ПЛЕЈОФПРВА ЛИГА ТАБЕЛА (мажи)

ТИМОВИНАТБОД
ОК Струмица 47/721844
ОК Шкендија1830
ОК Вардар1829
ОК Универитет Тетово1826
ОК Борец1822
ОК Лирија1817
ОК Штип УГД1115
ОК Весна Пробиштип1111
ОК Јанта Волеј117
ОК Дибра Волеј112
ОК Македонија Џио111

ОК ВАРДАРРЕЗИМЕ НА ИГРАТА

ОК Вардар ја заврши сезоната во МАК одбојката. Во реваншот во Скопје поразен од Шкендија со 3-1

ОК ВАРДАР

ОК ШКЕНДИЈА

ПОЕНИ:  1:3 (15-25 ; 17-25 ; 25-21 ; 16-25)

ОК ВАРДАРТИМОВИ СТАТИСТИКА

https://www.okvardar.mk/wp-content/uploads/2019/06/cropped-novo-logo-vardar-01-1-e1636589222100.png

GOALKEEPER SAVES

4/10

POWER PLAY GOALS

6/8

PENALTIES

2/2
https://www.okvardar.mk/wp-content/uploads/2022/04/ok-shkendija1.png

GOALKEEPER SAVES

6/9

POWER PLAY GOALS

3/6

TOTAL GOALS

1/1

НАЈДОБРИ ИГРАЧИ